
Силна експлозија во магацин во Узбекистан: испукани прозорци, избувна пожар, еден млад човек загина
Тинејџер почина откако врз него паднала рамка од прозорец, се вели во соопштението на Министерството за здравство, во кое се додава дека 24 лица се хоспитализирани, но нивните животи не се во опасност.
Едно лице загина, а 162 се повредени во силна експлозија во четвртокот во магацин во близина на аеродромот во Ташкент, која предизвика пожар и издува прозорци во околните станбени згради, соопштија властите во Узбекистан.
Тинејџерот починал откако врз него паднала рамка од прозорец, се вели во соопштението на Министерството за здравство, во кое се додава дека 24 лица се хоспитализирани, но нивните животи не се во опасност. Повредени се уште 138 лица, а повредите им се санирани.
Летовите се одвиваа нормално на меѓународниот аеродром во главниот град, соопшти аеродромската управа.
Видеото и фотографиите на социјалните мрежи покажаа пламен кој се издигнува кон небото, со огромен облак чад над магацинот. Причината за експлозијата не е позната.