
Сигнал регистриран час пред големата олуја? Сите служби на нозе во Калифорнија, се бара хеликоптер
Областа на Јужна Калифорнија каде исчезна воениот хеликоптер е покриена со снег, што ги отежнува операциите за пребарување и спасување.
Американскиот воен хеликоптер CH-53E Super Stallion исчезна од радарот во вторникот над Јужна Калифорнија во Соединетите Американски Држави, а моментално има снег што ја отежнува операцијата за пребарување, пишува „CNN“. Во хеликоптерот има пет маринци, а леталото полетало од воздухопловната база во близина на Лас Вегас и се упатило кон базата во Сан Диего.
„На 6 февруари 2024 година, маринците летаа со хеликоптер CH-53E Super Stallion од воздухопловната база Крич до воздухопловната станица на Маринскиот корпус Мирамар кога беше пријавено дека авионот доцни“, рече капетан Стефани Легуизамон.
Хеликоптерот кој исчезна од радарот се користи за транспорт на воена опрема, може да носи до 16 тони товар. Лошото време ја отежна фазата на летот и се сомнева дека тоа е една од причините за исчезнувањето од радарот.
Во операцијата за пребарување се вклучени и пожарникари од Калифорнија, ова го потврди за „CNN“ Мајк Корнет, портпарол на Cal Fire во Сан Диего. Првата пријава дојде во раните утрински часови, околу 2:20 часот, а последниот снимен сигнал од хеликоптерот е забележан во 23:30 часот, додека невремето започна околу 22 часот, само еден час порано пред последниот сигнал. .