
ШЕСТГОДИНИШНО ДЕТЕ ОД СЛОВЕНИЈА ПОЗИТИВНО НА КОКАИН: Викендот го поминал со таткото
Шестгодишно дете од Словенија е позитивно на кокаин откако
се вратило од викенд со својот татко. Мајката на детето неколку години го
предупредувала Центарот за социјална работа Пиран дека таткото не е добар
старател. 40-годишниот татко сега е во притвор, јавува Телевизија Словенија, а
пренесува Н1 Словенија.
Момчето наводно се пожалило на силна главоболка и болки во
стомакот. По набавката на тестот за забранети супстанци и тестирањето на
момчето, резултатите покажале дека шестгодишното дете било позитивно на кокаин.
Тестот потоа беше повторен двапати, прво во итната медицинска помош и повторно
во болницата во Изола, и двата резултати беа позитивни.
На детето му е дијагностициран и срцев шум, а според
сведочењето на мајката, нејзиниот син имал крвавење од носот и честа ангина во
последните шест месеци. Таа наводно го предупредила Центарот за социјална
работа „Пиран“ дека таткото неколку години бил зависник.
Како што јави ТВС, наставничката забележала и дека со детето
не е се во ред. Директорката на училиштето Тања Винчељ изјави дека класниот
раководител забележал дека детето е вознемирено. Училиштето потоа кон крајот на
мај го известиле Центарот за социјална работа во Пиран, но не добиле никаков
одговор. Социјалниот инспекторат започна инспекциски надзор во споменатиот
центар за социјална работа, кој се уште е во тек.
Како што јави ТВС, таткото е во притвор. Тој се товари за
кривично дело овозможување конзумирање недозволени дроги и запуштање
малолетници, како и за суровост. Доколку биде прогласен за виновен, му се
заканува казна затвор од една до 12 години за поседување дрога и до три години
затвор за занемарување на детето.