
Шест лица уапсени за убиство на еквадорскиот претседателски кандидат загинаа во бунт во затвор
Шест затвореници се убиени во бунт во затвор во еквадорската провинција Гвајакил, објави Ројтерс.
Сите тие се приведени во врска со убиството на Фернандо Вилависенсио, кој беше претседателски кандидат кој се изјасни против корупцијата, пренесува еквадорската затворска служба.
Вилависенсио беше убиен на 9 август додека го напушташе митинг во северниот дел на Кито, веројатно од колумбиски платени. Обидот за атентат го потресе изборниот амбиент и создаде атмосфера на страв.