
Шаќири: ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека неговата партија ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.
– ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво, рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.
Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања новинарите ги упати да се обратат до партијата.