
Се стресе Косово, потресот го почувствуваа во Пеќ
Слаб земјотрес го погоди Косово.
Во Косово денеска околу 15 часот е почувствуван слаб земјотрес од 2,7 степени. Директорот на Сеизмолошкиот институт, Шемси Мустафа за медиумите изјави дека епицентарот на земјотресот бил североисточно од Пеќ, пет километри јужно од населбата Радавци.
Земјотресот го почувствувале жителите на населените места околу Пеќ.
Вчера во Богота, Колумбија имаше силен земјотрес и таму загина жена.