
СЕ ОГЛАСИ БАЈДЕН ЗА ПРОДАЖБАТА НА ГИГАНОТ US STEEL: „Заради националната безбедност тоа треба да се истражи“
Белата куќа смета дека планот на Нипон Стил да го купи US Steel треба да се
истражи од причини за национална безбедност, иако, како што велат, Јапонија е
„близок сојузник“ на САД. Jапонскиот производител неодамна ја купи оваа
американска компанија, за околу 14,1 милијарди евра.
Претседателот на САД, Џо Бајден, исто така, изрази
загриженост за потенцијалното влијание на овој договор врз доверливоста на
синџирот на снабдување. Имено, со купувањето на 122-годишната челичарница, вели
тој, би се создала една од најголемите светски компании за производство на
челик.
Но, моќниот синдикат на United Steelworkers (USW), исто
така, го критикуваше деловниот договор како „краткотраен“. Во изјавата,
националниот економски советник на Џо Бајден, Лајл Брејнард, рече дека
американскиот претседател верува дека купувањето на оваа иконска американска компанија од страна на
странски субјект – дури и близок сојузник – заслужува „сериозен преглед“.
Брејнард додаде дека Бајден го гледа американскиот челик
како „главна компонента“ на вкупното домашно производство на челик. И додека
бара реизбор, Бајден ѝ се претставува на јавноста како еден од американските
претседатели кои најмногу се залагаат за синдикатот, приклучувајќи се на редот
на работниците што штрајкуваат во автомобилската индустрија, пишува Би-Би-Си.
„Претседателот Бајден верува дека синдикалните работници се
најдобрите работници во светот“, се додава во соопштението на Белата куќа. USW,
пак, ја поздрави изјавата на Белата куќа, велејќи дека договорот може да
„влијае на иднината на домашното производство на челик“.
ФОТО: EPA-EFE/Al Drago