
Се огласија ФФМ и Работнички: НЕ за Суперлигата на богатите!
Работнички во минатото беше чест учесник во европските натпреварувања, а два пати стигна и до плејофот од квалификациите за Лига Европа.
„Фудбалскиот клуб Работнички го повторува ставот дека идната благосостојба на европскиот фудбал може да се обезбеди само преку заедничка соработка преку ЕЦА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА“, стои во реакцијата на клубот од Градски парк.
За Фудбалската федерација на Македонија беше нормано да се очекува вакво нешто бидејќи таа е дел од семејството на УЕФА и ФИФА.
„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА. Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта. Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински фер плеј. За љубовта кон играта што не обединува и не мотивира сите заедно“, пишува во соопштението од ФФМ.