
Се крчка новиот дом за младинската академија на Вардар (ФОТО)
Теренот е веќе подготвен, исто како и помошните простории, поради што наскоро ќе може да се види како вардаровите таленти вредно работат со цел да успеат да се изборат за место во сениорскиот состав на најтрофејниот клуб во Македонија.
Првите впечатоци се дека членовите на Академијата ќе имаат одлични услови, што е можеби најважниот предуслов дел од нив да израснат во идни ѕвезди не само на Вардар туку и на македонскиот фудбал во целост.