
СДСМ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА МЕРКИТЕ ДЕЛУВААТ: Инфлацијата падна на 6.6 отсто
Власта се пофали дека инфлацијата во државата се намалила. Инфлацијата има тренд на опаѓање 11 последователни месеци. Од СДСМ велат дека тој тренд ќе продолжи до крајот на годината.
Стапката на инфлација е намалена од 19.8 отсто во октомври лани на 6.6 отсто септември годинава. Од партијата додаваат дека ова е најниската стапка на инфлација во последните 20 месеци.
Објаснуваат дека и Светска банка потврди дека владините мерки доведоа до едноцифрена инфлација и очекува инфлацијата да продолжи да се намалува годинава и следната година.
foto freepik.com/jcomp