
„САМО ДО 2028, НИЕ ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПО ОСНОВ НА КАМАТИ“: Левица за финансиската состојба во земјава
Новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, иако на прес-конференција во Владата најави нови задолжувања кон крајот на годината, таа веќе инстантно ја задолжи државата за нови 48 милиони евра преку државна обврзница издадена на 11 јули со рок на доспевање од 15 години.
Ако се додаде најавеното задолжување на премиерот Мицкоски од 500 милиони евра со кредит од Република Унгарија, вкупниот ЈАВЕН ДОЛГ би бил на највисоко ниво од скоро 9 МИЛИАРДИ ЕВРА. Со ваква состојба Македонија ќе се соочи со проблеми при сервисирање на долгот – само до 2028 год. ние граѓаните ќе треба да вратиме 1.8 милјарди евра по основ на камати.
Во однос на ребалансот на буџетот, продолжува праксата на кратење на капиталните инвестиции секоја година. 325 милиони евра средства наменети за капитални инвестиции се прераспределни кон други намени, со продолжува непродуктивното трошење народни пари од страна на Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ, во стилот на нивните предходници. Со ваквата политика буџетскиот дефицит е зголемен за дополнителни 181 милиони евра.