САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Со фокус на развој и просперитет, на 15и 16
мај ќе се одржи 13-то издание на Самитот на Македонија2025, во хотелот Мериот
во Скопје. Самитот е една од најдобрите регионални платформи за размена на
искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и
дијаспората во насока на поттикнување промени во Југоисточна Европа.
Извршната директорка на Македонија2025 Никица Мојсовска
Блажевски, денес ја презентираше агендата и говорниците, потенцирајќи дека
интересот за присуство на Самитот е големо. Според досегашните пријави, се
очекува присуство на над 400 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници
на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на
академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.
На официјалното отворањето ќе имаат обраќање претседателот
на Одборот на директори, Мајкл Чкламовски и Никица М. Блажевски, како и
новоизбраниот претседател на Република Македонија.
Главните теми на Самитот ќе бидат обработени на 12 панел-сесии кои
ќе вклучат 48 врвни говорници од Македонија и светот. Темите вклучуваат регионален
развој и просперитет, стратешко лидерство во време на промени и иновации, раководење
и раст на семејни бизниси, примена на вештачка интелигенција, дигитална
трансформација на бизнисите итн. Дополнително, ќе се обработат и теми поврзани
со глобални стратегии за странски инвестиции, демократија и слобода на говор во
дигиталното време, како и корупцијата како инхибитор на просперитетот.
Во рамки на Самитот, Македонија2025 ќе организира и 5
предавања и работилници на високообразовните институции и 5 работилници со
компании и институции на кои ќе присуствуваат говорниците од Самитот и
членовите на Одборот на директори на Македонија2025, како и средби со
политичките лидери. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 17 мај, со работилница
организирана во соработка со Стопанската Комора на Македонија.
Повеќе
информации за Самитот на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit-2024/