
Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата
Рускиот претседател Владимир Путин и ирачкиот премиер Мухамед Шиџа ал Судани, чии земји се големи производители на нафта, денеска изразија загриженост за ризиците за енергетските пазари и војната меѓу Иран и Израел.
Во телефонски разговор, двајцата лидери ја истакнаа важноста од континуирана соработка во организацијата ОПЕК+, Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, објави Кремљ, пренесува Бета.
Досега, цените на нафтата малку реагираа на американскиот напад врз иранските нафтени постројки рано наутро во недела, и засега не се очекува катастрофа, односно одговор на Техеран во форма на затворање на Ормутскиот теснец, низ кој минуваат 20 проценти од светската нафта.
Цената на нафтата накратко скокна на отворањето на тргувањето денес, а подоцна се стабилизираше околу 77 долари за барел Брент од Северното Море, референтна цена за светот.
Во оваа фаза, не се чини дека Техеран го нарушил преминувањето на танкерите низ стратешкиот Ормутски теснец, кој ги поврзува Персискиот Залив и Оманскиот Залив.
На врвот на цената достигнат во ноќта од недела кон понеделник, Брент беше до 15 проценти поскап отколку пред почетокот на непријателствата во Иран.
foto Shutterstock/Kirill Gorshkov