
Романија ја потресе земјотрес
Романија попладнево ја погоди земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на 52 километри северозападно од градот Бузау, кој се наоѓа на истокот на Романија.
Земјотресот бил на длабочина од 136 километри.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета.