
Регионот во црвен, Македонија во портокалов метео аларм: Доаѓа невреме со дожд, град, грмотевици и ветер!
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.