
Реал се врати на губитничките патеки – трет пораз за четири дена
За разлика од првиот пат, во почетната фаза од кампањата, сега Реал ги доживеа трите порази во период од само четири дена бидејќи во неделата беше совладан од Хувентут во домашното првенство, во вторникот од Асвел во Евролигата и вечерва од Фенербахче во истото натпреварување. Интересно е тоа што денешниот пораз е втор за Реал на домашен терен во Евролигата и повторно од турски тим откако пред 20-тина загуби од Анадолу Ефес.
Мадридскиот тим добро го почна натпреварот, водеше со 20-10, но Фенербахче одговори со серија од 13-0 и потоа потоа со уште од 9-0 за водство од 32-24. Оттогаш до крајот, гостите беа во константна предност, а највисоката разлика изнесуваше 16 поени.
Со денешниот триумф, Фенербахче ја прекина мини-серијата од два пораза и дојде до десеттата победа сезонава, додека Реал падна на 13. место со биланс 6/8.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис – Анадолу Ефес 85-72
Макаби – Барселона 86-88
Баерн – Басконија 94-80
Партизан – Панатинаикос 91-73
Реал – Фенербахче 70-82