
Расчистена тешка кражба во Скопје, следува уште една пријава за криумчар на мигранти кој веќе издржува мерка притвор
На 20.07.2023, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“ извршена на 09.05.2023, при што на ул.„Пушкинова“ од возилото „хонда“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.А.(57) од Скопје беа одземени регистарски таблички.
Во врска со настанот, вчера, по консултација со јавен обвинител, во Казнено – поправната установа Затвор Скопје бил извршен службен разговор со Л.Д.(29) од Република Србија, кој издржува мерка притвор во установата. Имено, на 09.07.2023 при контрола во возило „ауди“ на граничниот премин Богородица, кое го управувал, биле пронајдени лица мигранти, а било констатирано дека регистарските таблички кои биле ставени на неговото возило припаѓаат на возилото на Н.А.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.