
Пукал со воздушна пушка во мачката на соседот!
На 29.04.2024 во 10.06 часот во СВР Скопје, Б.П.(47) од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед З.К.(64) од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот.
Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.