
ПСЖ со три стопери и со Меси и Мбапе во напад по одмазда во Минхен (ФОТО)
Во недостаток на Нејмар и Маркињос кои се во аут до крај на сезонава, Кристоф Галтие ја засили одбраната со тројка пред Џиџо Донарума и два бека кои ќе имаат и офанзивни улоги, Нуњо Мендеш и Ашраф Хакими, а Фабијан Руиз, Витиња и Марко Верати е тројката која ќе треба да креира.
Од друга страна, Јулијан Нагелсман со формација 4-2-3-1 тргнува по заверка на четвртфиналето, со Томас Милер како плејмејкер зад Чупо Мотинг, а Кингсли Коман и Џамал Мусиала по крилните позиции, а Кимих и Горецка е тандемот во средина.
Во вториот вечерашен меч, Тотнем на „Вајт Харт Лејн“ брка негатива од еден гол против Милан и Антонио Конте почнува со офанзивна формација 3-4-3, во која Дејан Кулушевски и Сон се поддршка за Хери Кејн во нападот, додека Милан почнува со 4-3-3 со офанзивната тројка Брахим Дијаз-Оливие Жиру-Рафаел Леао.