
Првоаприлска шега на Трендафилов: Бране мислам дека сме најдобри другари, или не сме?
Во објава на Фејсбук претседателот на Сојуз на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, првоаприлски се пошегува на сметка на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мислам дека сме најдобри другари, или не сме?“, напиша претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
Објавата е споделена и на фејсбук профилот на Сојуз на синдикатите на Македонија.
„Не се другари, Слободан се бори за зголемување на плати, Бране се бори против Слободан, ССМ и работниците“, напишаа од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Петрушевски изминатите денови упати низа обвинувања кон ССМ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го обвини Стојанче Кашиковски од ССМ дека земал плата од над 50 илјади денари и како што вели синдикалците Трендафилов и ССМ, не знаат кој од кој има поголеми примања.