
ПРОФИТОТ НА НЛБ БАНКА ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СЕ ДОБЛИЖИ ДО 40 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве како нето добивката порасна за над 19 отсто
Пораснала нето добивката на НЛБ банка. Ова се однесува за периодот од 1 јануари 2023 до 30 септември годинава, стои во објава на Македонска берза.
Банката во тој период оствари нето добивка во износ од 2.435.542 илјади денари, што претставува зголемување за 19,1 отсто во однос на остварената нето – добивка
истиот период лани.
Заклучно со 30.09.2023 година билансната сума изнесува 110.515.649 илјади денари,
односно се намали за 2.182.374 илјади денари или 1,9 отсто во однос на 31.12.2022 година.
Дека имале успешно деветмесечје потврдуваат од НЛБ Банка. Главен фокус на Банката, е силна поддршка на
населението и стопанството.
НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од
годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот
од 01.01.2023 до 30.09.2023 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка обезбеди
силна кредитна поддршка на населението и бизнисот, зголемувајќи го притоа
пласманот на кредитите кон небанкарскиот сектор и обезбедувајќи раст од 6.2 отсто во овој сегмент споредено со
истиот период минатата година, и давајќи значаен придонес во макроекономскиот и
финансискиот амбиент на државата.
Истовремено,
Банката бележи и раст на довербата на депонентите што резултираше со
зголемување на вкупните депозити за 2.9 отсто споредено со истиот период лани.
Нето
добивката на НЛБ Банка, заклучно со крајот на септември изнесува 2.435.542 илјади денари што се должи на континуираните продажни активности на кредитните
продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни
претпријатија и зголемениот број на корисници на платните сервиси. Воедно,
успешното работење на Банката е резултат и на внимателно управување со ризикот,
оперативна ефикасност, како и постојана посветеност за подобрување на
корисничко искуство и искористување на можностите за понатамошен раст.
Во наведениот период, НЛБ Банка се здоби со низа
признанија и награди, меѓу кои признанијата од картичниот партнер Visa за
исклучителни деловни перформанси и извонредни Visa спонзорски активации,
благодарница од организацијата на Црвениот крст за покажаната хуманост и
солидарност за настраданото население во земјотресите во Сирија и Турција, признание
за најпосакуван работодавач меѓу финансиските институции во земјава од
Вработување.ком, а реномираниот
финансиски магазин EMEA Finance по 7-ми пат ја избра НЛБ Банка Скопје за
„Најдобра банка во Македонија за 2022 година“, што е уште една потврда за
успешното работење на Банката. Воедно, НЛБ Банка е избрана и за компанија со најдобри практики во
стратешката корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД – Партнерство
за давање (P4G), Американската стопанска комора во Македонија и организацијата
„Конект“.
НЛБ
Банка продолжува да биде поддршка на населението и стопанството во земјата. Во
фокусот на работењето на Банката остануваат и дигитализацијата, унапредување на
дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на
клиентите, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на
производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и општествено
одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.
Пр објава