
Професорката Билјана Ванковска е претседателски кандидат на Левица
Претседателски кандидат на Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска, соопшти денес лидерот на партијата, Димитар Апасиев. Додаде дека тој и сопартијците како млади политичари чувствувале должност да извадат свој кандидат за претседателски избори.
„Ќе ги извадиме ракавиците, помина времето на политичката коректност. За 10 години, Македонија е сè што немаме. За 10 години, Македонија е во многу лоша ситуација“, порача професорката Ванковска на прес-конференцијата.
Ако се прашувате зошто по една деценија повторно излегувам на истиот терен, ќе ви кажам дека оттогаш многу нешта се променија и овојпат нема да бидам политичка манекенка или случаен минувач во политиката, нагласи Ванковска.
Билјана Ванковска е доктор на политички науки, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, а професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг – Австрија.