
Претседателката Сиљановска Давкова ги посети припадниците на Армијата, ангажирани во гасењето на пожарите
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, придружувана од заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во текот на денешниот ден ги посети припадниците на Армијата, кои се ангажирани на гасење на пожарите во реонот на Пепелиште, Неготинско, кое е едно од критично зафатените подрачја со пожари во државата. Претседателката Сиљановска Давкова […]