
Познато е кој платил милион евра за Алвеш да излезе од затвор!
Алвеш е осуден на четири и пол години затвор поради силување во ноќен клуб во Барселона. Во моментов е на слобода откако некој платил милион евра за тој да излезе.
Многумина се прашуваат како Алвеш нема милион евра, но додека трае постапката сите негови финасиски средства се замрзнати.
Се шпекулираше дека таткото на Нејмар ја уплатил сумата, па откако тој демантираше, некои пишуваа дека тоа го направил Мемфис Депај, но и тоа не е вистина.
Според „Мундо Депортиво“, една медиумска куќа од Бразил уплатила милион евра, а во замена за тоа добила екскулзивни права на интервју со Алвеш
Во прашање е добро позната медиумска куќа која во Бразил пишува за важните луѓе од оваа замја, интервјуто веќе е направено, наскоро треба да излезе.
Алвеш не смее да ја напушти Шпанија, одземени му се двата пасоши, бразилскиот и шпанскиот. Тој е на слобода додека одлуката не стане правосилна, а тоа може да потрае и до повеќе од една година.