
Пожар во Факултетот за музичка уметност во Скопје
На 29.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.