
Повторно се одложи судењето за Канческа-Милевска што трае пет години
Повторно се одложи судењето за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета
Канческа-Милевска, поранешна министерка за култура, пренесува Макфакс.
Откако стигна супервештачењето од Бирото за судски вештачења, на вчерашното
рочиште не се појави вештак кој требало да сведочи. Судијата Осман Шабани ново
рочиште закажа за 23 дена.
Во Бирото за судски вештачења предметот „Тендери“ беше повеќе од пет месеци. Ова
доведе до низа одложени рочишта. Тие направија супервештачење поради две
спротивставени вештачења. Предметот се суди половина деценија. Ако се види
хронологијата на рочишта, досега, предметот пет пати се судел одново поради протек на
90 дена од последно одржано рочиште, пишува Макфакс.