
Повторно поскапеа горивата во Македонија
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на горивата во Македонија.Според оваа одлука, која стапува на сила на полноќ, Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 ќе поскапат за 1,5 денари, додека Еуродизелот ќе поскапе за 1 денар по литар.
Со оваа одлука, цената на бензинот од полноќ ќе биде 77,5 денари, бензинот 98+ ќе биде 79,5 денари, додека цената на дизелот ќе биде 73 денари по литар.
Промени ќе има и кај екстра лесната нафта. Ќе се зголеми за 2 денари и со оваа цена по литар ќе биде 72 денари.
Во меѓувреме, мазутот ќе биде 41,7 денари.