
ПОВИСОКА ОД ПРОГНОЗАТА: Колкава е инфлацијата во Германија?
Годишната инфлација во Германија во мај изнесуваше 2,1 проценти и е повисока од прогнозата.
Годишната стапка на инфлација беше 2,1 процент, објави денеска федералниот завод за статистика Дестатис. Очекувањата беа дека ќе изнесува два проценти.
Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти во мај, додека инфлацијата на стоките изнесуваше 0,9 проценти, според податоците на Дестатис, пренесува агенцијата Анадолија.
Базичната инфлација, која ги исклучува храната и енергијата, во водечката економија за еврозоната изнесуваше 2,8 проценти во мај.
Во мај, цените на енергијата се намалија за 4,6 проценти на годишна основа, а цените на храната се зголемија за 2,8 проценти.
foto freepik.com