
Потрес во Каталонија: Пике се враќа!
Иако не објави повеќе детали, со самата објава го потресе шпанскиот фудбал имајќи предвид дека вакво нешто никој не очекуваше.
„Почеток е на новата година и по долго внимателно размислување, одлучив да му се вратам на фудбалот бидејќи многу ми недостасува. Овојпат нема да бидам фудбалер, туку тренер. Кон крајот на неделата ќе споделам и други информации“, рече Пике.
Тој замина во играчка пензија пред нешто повеќе од една година и оттогаш беше фокусиран на своите бизнис проекти.