
ПОПЛАВИ, НО И ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИЈА СРБИЈА: Во 26 општини на сила е вонредна состојба
Невреме, но и земјотрес ја погодија Србија.
Прогласена е вонредна состојба во 26 градови и општини поради обилните врнежи, а на пладне е регистриран и земјотрес со магнитуда од 4 според Рихтеровата скала во околината на Парачин, јави дописникот на МИА од Белград.
Од Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни состојби велат дека во текот на изминатата ноќ, на територијата на Крушевац, Чачак и Јагодина, евакуирале вкупно шест лица, од кои две се деца. Најкритично е на територијата на Град Чачак.
Во Крушевац, Јагодина, Крагуевац и Сомбор, водата навлегла во дворовите и станбените згради.
И во Македонија се очекуваат обилни дождови и опасност од поплави.