
Попладне не очекува невреме, земете си чадор и никако не стојте под осамени дрвја!
Управа за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за невреме. Тие велат дека денес од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.