
ПОПИС НА КОСОВО: Населението се намалило, колку од нив се Срби?
Објавени се резултатите од пописот на населението на Косово, кој покажува дека бројот на жители е намален.
Населението се намалило во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,6 милиони. Претходно оваа година е направен вториот попис на населението откако Косово еднострано прогласи независност.
Агенцијата за статистика соопшти дека Србите го бојкотирале пописот на населението „во значителна мера“ по повиците од српските партии тоа да го направат. Агенцијата ја проценила вкупната српска популација на 53.000, што е за 28.000 повеќе отколку при пописот во 2011 година.
Повеќето Срби живеат во четирите северни општини – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица. Таму има речиси 37.000 Срби.
Просечната возраст на Косово е под 35 години, втора најмлада во Европа. Просечната возраст на пописот во 2011 била 30 години. Пописот покажал дека војната во 1998 и 1999 резултирала со 11.417 загинати и 1.047 исчезнати. Материјалната штета е проценета на 5 милијарди евра.
Муслиманите со 93,49 отсто се огромно мнозинство. Православни има 2,31 отсто, а католици 1,75 отсто.
foto EPA