
Полицаец пишал казна, па од казнетиот добивал закани по телефон
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.К.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.08.2024 во Кичево, пријавениот телефонски упатил закани кон полициски службеник од Кичево затоа што претходно му издал прекршочен платен налог.