
Почнува судењето против Љупчо Георгиевски, претседател на поранешниот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола
Во 10 часот започнa судскиот процес против Љупчо Георгиевски, претседател на поранешниот бугарскиот културен клуб „Ванчо Михаилов“ од Битола.
Тој е обвинет за дистрибуција на расистички и ксенофобичен материјал. Георгиевски, беше на распит во обвинителството во Битола во декември 2022 година.
Ова следува откако пријава поднесе политичката партија „Левица“. Против Георгиевски пријава поднесе и Комисијата за дискриминација.
Со посебно усвоена законска регулатива, поради името беше затворен клубот „Иван Михаилов“, на чие отворање присуствуваа и тогашниот премиер Кирил Петков и потпретседателката Илијана Јотова.