
Почнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Сослушувањата на законските застапници на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнаа денеска и се одвиваат согласно однапред утврдениот распоред. Семејствата на настраданите се распоредени по обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, во зависност од местото на живеење и во координација со организацијата „Support Kocani“.
Оваа постапка претставува клучен чекор во прибирањето на докази и оформувањето на предметот, кој треба да даде одговори за причините и одговорноста за несреќата која го потресе целиот регион.
Од „Support Kocani“ велат дека досега постои позитивна соработка со институциите и изразуваат очекување дека надлежните органи ќе спроведат темелна и ефикасна истрага. Очекувањата на семејствата се дека вината ќе биде утврдена, а виновните изведени пред правдата.