
ПОЧНА „ТРКАТА“ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАС ЗА СКОПСКОТО ПАРНО ЗА МАРТ – ЕСМ го објави јавниот повик, еве што се бара
ЕСМ Продажба спроведува постапка преку јавен повик
за прибирање понуди од домашни и странски лиценцирани фирми регистрирани за дејноста кои
имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за март 2023 година за производство на
топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и
за останати потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, кои снабдувањето ќе го вршат преку ЕСМ Продажба, соопшти ова акционерско друштво во сопственост на државата.
„Јавниот повик трае од 21.2.2023 до 24.2.2023 година и понудувачите на истиот треба да достават
податоци за нивната понуда во однос на техничките карактеристики на гасот,
земја на потекло, гаранција, фиксна цена за MWh, вкупна количина која се нуди и изјава од одговорното лице
на понудувачот дека може да ги обезбеди наведените количини во периодот за кој
се дава понудата, односно за месец март на точка на испорака главна мерна
станица (ГМС) Жидилово Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на ЕСМ АД www.esm.com.mk