
ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЖАК ДЕЛОР: Почина на 99 години во сон во својот дом во Париз
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, почина денеска на 99-годишна возраст.
Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор, почина денеска на 99-годишна возраст, пренесува „Гардијан“. Тој починал во својот дом во Париз, а неговата ќерка Мартин Обри изјавила дека починал во сон.
Делор беше француски министер за финансии од 1981 до 1984 година. Тој беше на чело на Европската комисија девет години, од 1985 до 1995 година.