
Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?
„Комерцијална банка“ лани ја имаше својата најуспешна година со профит од речиси 60 милиони евра. За да остварат таков резултат петмината врвни директори од својата банка добија плати, надоместоци и награди во бруто износ од речиси 2 милиони евра. За плати и награди на сите свои над 1.000 вработени „Комерцијална банка“ лани им исплати повеќе од 21 милиони евра
Петмина врвни директори на банка за своите резултати во 2023 година добиле плати и награди во вредност од 1,94 милиони евра. За сметка на тоа најголемата, според активата, деловна банка што ја води оваа тројка лани на нејзините акционери им донела профит од речиси 60 милиони евра.