
ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА КАПИТАЛНА ПОЗИЦИЈА ВО „РЕПЛЕК“ – купи нови акции, сега поседува 12,08 проценти од компанијата
Како и секогаш, компанијата „Реплек“ е транспарентна компанија, која ја известува јавноста за секоја промена во својата акционерска структура.
Претседателот на Управен одбор и главен извршен директор на компанијата Душан Пецовски, како што извести компанијата, купил уште 5 акции, со што сега располага со 12,08 отсто од вкупниот акционерски капитал на ова акционерско друштво.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација. Реплек АД објавува дека акционер со над 5 отсто, претседателот на Управен одбор Душан Пецовски се стекна со нови пет акции, со што поседува вкупно 3.130 или 12,08 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.
Душан Пецовски е најголемиот поединечен акционер во компанијата и всушност имаат доминантен пакет заедно со неговиот брат Владимир.
Кога раководството купува акции, се смета дека тоа е знак на доверба во компанијата со која управуваат, како и во перспективите на нејзиниот бизнис.