
ОВА СЕ ТРИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИЗРАЗУВААТ ИНТЕРЕС ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО ЗЕМЈАВА – АЕК ќе распише тендер поради големиот интерес
Голем интерес владее за трет мобилен оператор во земјава, и од тие причини, Агенцијата за електронски комуникации ќе распише јавен тендер за избор на операторот кој ќе ја преземе таа улога во Македонија.
Имено, АЕК објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако добиле писма од три компании: ONE Македонија, која е всушност компанијата регистрирана од унгарскиот оператор 4iG, потоа Битстрим Мобиле, како и е& ППФ Телеком Груп.
Агенцијата појасни дека во сличен претходен случај постапила со цел да се ослободат фреквенции и да се заштити конкуренцијата, и дека така ќе делува и во иднина. Со ова се отвора можност за појава на трет мобилен оператор во Македонија.
Кои се компаниите што конкурираат.
Унгарската телекомуникациска компанија 4iG Group активно работи на влез во македонскиот пазар преку својата новорегистрирана подружница ONE Macedonia Telecommunications. Компанијата е регистрирана во октомври 2024 година во Скопје од страна на Antenna Hungária Zrt., подружница на 4iG Group. Извршен директор на компанијата е Тамаш Табори, кој истовремено е и заменик извршен директор за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.
Во септември 2024 година, 4iG Group потпиша Меморандум за разбирање со Владата на Северна Македонија. Овој документ поставува основа за долгорочна соработка во насока на дигитална трансформација на земјата, вклучувајќи инвестиции во 5G, IoT и вештачка интелигенција.
4iG Group веќе има значително присуство на Балканот преку своите подружници ONE Albania и ONE Montenegro, кои заедно опслужуваат над 2,2 милиони корисници. Компанијата е позната по својата стратегија за експанзија во регионот, со акцент на дигиталната трансформација и воведување на напредни технологии.
За e& PPF Telecom Group на пребарувачите може да се најде дека е телекомуникациска група формирана во 2024 година како резултат на партнерство помеѓу чешката PPF Group и емиратската компанија e& (порано позната како Etisalat). Групата оперира во четири земји: Бугарија, Унгарија, Србија и Словачка, каде што обезбедува мобилни, фиксни, интернет и телевизиски услуги преку брендовите Yettel и O2, како и инфраструктурни услуги преку CETIN. Нивното фокусирање е насочено кон пазарите на Централна и Источна Европа, особено во споменатите четири земји. Нема достапни информации што укажуваат дека e& PPF Telecom Group или нејзините подружници учествувале на јавни тендери во Северна Македонија. Нивните активности се концентрирани во земјите каде што веќе имаат оперативно присуство.
За компанијата Битстрим мобиле не можат да се најдат многу податоци за тоа која е и од каде потекнува, но на пребарувачите може да излезе нејзиното име, и притоа може да се види дека учествувала на тендери во земјава. На пример, во 2021 година таа до Агенцијата за електронски комуникации испратила писмо за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г.
Агенцијата за електронски комуникации на својата веб страница објави дека на 16 април годинава објавила Намера за
спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање.
Во интерес на јавноста, Фактор ја објавува целата јавна расправа што ја воделе АЕК со сите три мобилни оператори.
По завршувањето на јавната
расправа до АЕК пристигнале Писмa за искажување на интерес од три заинтересирани страни и тоа: ОНЕ
Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп
Б. В.
Во Писмото за искажување на интерес, заинтересираната страна ОНЕ Македонија Телекомуникации доставила и предлози и коментари по однос на јавната расправа.
Ова се предлозите и коментарите
и ставот на АЕК во врска со нив.
Имено, ОНЕ Македонија Телекомуникации, во врска со распоредот на плаќање на надоместокот за спектар, бараат еднократните надоместоци за дозволите за користење спектар да бидат плаќани на годишни рати во текот
на траењето на соодветните дозволи, наместо како однапред исплатен еднократен износ.
Согласно нацрт условите, дозволите за фреквенциските опсези од 700 MHz и 3.x GHz би имале траење од 12 години
(важечки до 2037 година), додека дозволата за 1800 MHz би имала траење од 8 години (важечка до 2033
година).
„Значително би се олеснил финансискиот товар за новиот оператор доколку вкупниот надоместок
за секоја дозвола се подели на еднакви годишни рати во текот на тие 12-годишни и 8- годишни периоди
на важење. Дозволувањето на отплата на рати распоредени во текот на времетраењето на лиценцата би
ги усогласило обврските за плаќање со траењето на лиценцата и паричниот тек на бизнисот, без притоа
да се намали вкупниот износ што се плаќа на државата. Сметаме дека воведувањето на одложен
распоред на плаќање не би го нарушил интегритетот на тендерот, туку напротив, значително би придонело
за финнсиската одржливост на новиот мобилен оператор“, нагласдиле од ОНЕ.
Од АЕК, пак, на ова објаснуваат дека согласно член 33 од Законот за електронски комуникации (ЗЕК) еднократниот надоместок за
користење на радиофреквенции се плаќа на сметка на Буџетот на Република Македонија.
„Висината на
еднократниот надоместок и начинот на неговото плаќање коешто може да биде извршено на неколку
месечни или годишни рати го определува АЕК по добиена согласност од Владата. АЕК ќе ја извести Владата за предложениот начин на плаќање на еднократниот надоместок“, најавуваат од Агенцијата.
ОНЕ Македонија Телекомуникации доставиле и предлог за умерување на цената на спектарот, односно попуст за нов
оператор.
„Ја замолуваме Агенцијата да разгледа можности за утврдување на намалена или повластена
цена на спектарот (во вид на попуст од почетната цена) за фреквенциските блокови наменети за новиот
оператор. Почетните цени што се објавени за расположливите опсези (на пр., приближно 4,2 милиони
евра за 2×10 MHz во 700 MHz, 1,5 милиони евра за 2×10 MHz во 1800 MHz и 2,32 милиони евра за 100
MHz во 3.x GHz) се значителни. Иако разбираме дека овие цени ја одразуваат пазарната вредност и
претходните доделувања, умерен надомест за нов оператор би имал суштинско значење за економската
оправданост на неговиот пазарен влез. Поттикнувањето на нов мобилен оператор преку ценовни
олеснувања е во согласност со начелата содржани во Законот за електронски комуникации, кој го
промовира развојот на ефективна и одржлива пазарна конкуренција. Одобрувањето на попуст или
поволни финансиски услови за новиот учесник би ги намалило бариерите за влез и би ја потврдило
определбата на Агенцијата за унапредување на конкуренцијата и привлекување инвестиции. Свесни сме
дека одобрувањето на ваков попуст може да претставува исклучок; но сепак, ова барање го поднесуваме
со добра намера, нагласувајќи дека таквата мерка значително би ја засилила одржливоста на нов мобилен
оператор и со тоа би придонела кон остварување на проконкурентските цели утврдени со законот“, навеле од компанијата отворена специјално во Македонија од унгарскиот оператор.
Од АЕК, пак, на ова одговараат дека минималната висина на еднократниот надоместок е определена врз основа на спроведена
детална анализа од претходни постапки на доделувања на радиофреквенции.
„При тоа, во согласност со
Законот за електронски комуникации, АЕК е должна да ги применува регулаторните начела за објективност, транспарентност,
недискриминација и пропорционалност преку обезбедување дека, во слични околности, нема
дискриминација во третманот на операторите. Поради тоа АЕК нема можност да направи намалување на минималната висина на еднократниот надоместок. Треба да се има предвид и фактот дека средствата за
еднократниот надоместок се уплатуваат на сметката на Буџетот на Македонија со кој управува Владата
на Македонија и затоа во постапката за финалната одлука на минималната висина на еднократен
надоместок, во согласност со ЗЕК, Владата дава Согласност“, одговориле од АЕК.
ОНЕ Македонија Телекомуникации ја замолуваат Агенцијата да ја преиспита обврската: „до крајот на 2032 година, секој граѓанин да има можност за пристап
до интернет преку 5G со минимална брзина од најмалку 100 Mbps“.
„Иако целосно ја поддржуваме
амбицијата за брза и сеопфатна изградба на мрежа, сметаме дека оваа конкретна обврска претставува
прекумерно оптоварување за нов оператор кој би имал на располагање само 2×10 MHz во low-band
спектар. Постигнување на универзална покриеност со 100 Mbps до 2032 година со толку ограничен lowband спектар (и во услови на нова, недоразвиена инфраструктура) не е остварливо без значајни
дополнителни ресурси, било во форма на дополнителен спектар или инфраструктура, кои ги
надминуваат рамките на овој тендер. Ве замолуваме оваа обврска за 100 Mbps покриеност до крајот на
2032 година да биде ублажена или изменета на начин што ќе одразува пореално очекување за нов
оператор. На пример, обврската би можела да биде приспособена на понизок праг на брзина, да се
фокусира на населените места наместо на секој поединечен граѓанин, или пак да се продолжи рокот за
исполнување. Укажуваме дека постојните оператори, кои располагаат со значително поголеми количини
на спектар во повеќе опсези, имаат неспоредливо подобра основа за исполнување на вакви обврски за
капацитет. Наметнувањето на идентична обврска за покриеност од 100 Mbps по корисник на национално
ниво и за нов оператор со ограничен спектар создава нерамноправни пазарни услови и може да ја доведе
во прашање способноста за усогласување со регулативата. Затоа ве замолуваме да ја ревидирате
предметната обврска со цел истата да биде пропорционална и остварлива, што во крајна линија ќе биде
во служба на јавниот интерес преку охрабрување на нови инвестиции“, наведуваат од ОНЕ Македонија.
На ова од АЕК одговориле дека се согласуваат со аргументот дека само со 2×10 MHz во low-band спектар постигнување на
универзална покриеност со 100 Mbps до 2032 година не е остварливо без значајни дополнителни ресурси, било во форма на дополнителен спектар или инфраструктура.
„Поради тоа последниот услов за
покриеност ќе биде ревидиран на следниот начин: До крајот на 2032 година, сите населени места во државата да бидат покриени со
непрекинат 5G сигнал.
Со доделувањето на дополнителен спектар оваа обврска ќе биде предмет на ревидирање“, велат од АЕК.
Од ОНЕ Македонија Телекомуникации предлагаат почнување со обврската за плаќање на годишни
надоместоци за спектар по комерцијалното стартување со почетна повластеност.
„Предлагаме
годишните надоместоци за користење на фреквенцискиот спектар да почнат да се пресметуваат од
датумот на комерцијално пуштање на мрежата, а не од датумот на издавање на дозволата. Според
предлогот во нацрт-условите, носителите на дозволи во моментот се обврзани да плаќаат годишни
надоместоци за користење на спектарот почнувајќи од датумот на влегување во сила на дозволата. За
нов оператор, предвиден е почетен период на интензивни капитални инвестиции за изградба на мрежата
пред да може да се понудат какви било услуги на јавноста. Наплатата на годишни надоместоци во овој
период на изградба (кога спектарот е нефункционален или се користи исклучиво за тестирање) би
претставувала финансиски товар без соодветна јавна корист. Затоа предлагаме годишните надоместоци
да се одложат и да почнат со пресметување од моментот кога операторот ќе почне со комерцијално
работење, односно со реална услуга кон крајните корисници. Дополнително, бараме од Агенцијата да
разгледа можности за привремено намалување или поврат на дел од годишните надоместоци во првите
неколку години од работењето, имајќи ја предвид значителната потреба од почетни вложувања за
исполнување на обврските за покриеност. Овој пристап би бил во согласност со целите на Законот за
поттикнување на развојот и инвестициите во нови комуникациски мрежи и технологии. Со олеснување на
почетните оперативни трошоци преку одложено и намалено плаќање, Агенцијата би му овозможила на
новиот оператор да вложи средства во изградба на мрежата (5G инфраструктура низ целата држава) и на
тој начин поефикасно да придонесе кон остварување на политиките за унапредување на националната
поврзаност“, навеле од ОНЕ Македонија во своето детално образложение.
Од АЕК велат дека годишниот надоместок за користење на радиофреквенции, согласно член 31 став (5) од ЗЕК,
се плаќа за секоја тековна година однапред, почнувајќи од датумот на важење на одобрението за користење на радиофреквенции. Не постои законска можност за одложување на обврската за плаќање,
ниту пак можност за привремено намалување или поврат на дел од годишниот надоместок за користење
на радиофреквенции.
Потоа, од ОНЕ Македонија Телекомуникации бараат ревидирана почетна обврска за воспоставување на мрежата
(замена на правилото „во рок од 1 година“ со конкретен рок до 2026 година).
„Предлагаме да се укине или
ублажи условот со кој се бара операторот да почне со користење на доделените фреквенции во рок од
1 година од издавање на дозволата. Иако го разбираме мотивот да се спречи акумулација на спектарот
без негова реална употреба, ваквиот рок од една година е прекумерно строг за нов оператор што почнува од нула инфраструктура. Наместо тоа, предлагаме пофлексибилна и поцелисходна почетна
обврска: новиот оператор да обезбеди покриеност на најмалку еден град до крајот на 2026 година. Ова би
го заменило општото правило за „употреба во рок од 1 година“ со конкретен и проверлив резултат во
поглед на воспоставување на мрежата. Ваквиот рок е и реален и суштински – тој обезбедува пуштање во
употреба на мрежа во значаен пазарен сегмент во рок од приближно 18–20 месеци по доделување на
дозволата, што е остварливо и веќе е во согласност со предвидениот временски распоред во нацрт тендерот (на пример, обврската за покриеност на еден град до 2026 година). Фокусот на конкретен
резултат – воспоставена 5G мрежа во еден град до крајот на 2026 година – ѝ овозможува на Агенцијата
да го задржи механизмот за навремена изградба на мрежата, додека на новиот оператор му се дава
разумен временски простор за проектирање, набавка, изградба и оптимизација на мрежната
инфраструктура. Сметаме дека ова прилагодување претставува соодветен баланс: се отстранува
нефлексибилен рок кој инаку би можел да доведе до избрзано или недоволно оптимизирано пуштање во
употреба, а истовремено се воспоставува јасна и мерлива цел на краток рок. Дополнително, предлагаме
сите наредни обврски за покриеност (како што се коридорите и националната покриеност до 2028/2030
година и сл.) да останат непроменети во согласност со нацрт-условите, со што ќе се обезбеди
континуирано проширување на мрежата по иницијалното пуштање. Оваа измена значително би го
намалила ризикот од нефункционално или избрзано стартување и би ги усогласила обврските со
практичните аспекти на размена и имплементација за новиот оператор“, навеле од ОНЕ Македонија.
Од Агенцијата на ова одговараат дека согласно член 147, во одобрението за користење на радиофреквенции може
да се предвиди рок на започнување на користење на радиофреквенции различен од 1 година. Во
обврските за покриеност веќе е наведено дека „До крајот на 2026 година најмалку еден град да биде
покриен со 5G сигнал“. Бидејќи станува збор за временско растојание од 5 месеци и земајќи ги предвид
аргументите на ОНЕ МАКЕДОНИЈА, во одобрението нема да стои обврската „ Носителот на одобрението
мора да започне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од 1 година од датумот
на отпочнување на важност на одобрението“.
Натаму, во Писмото за искажување на интерес, заинтересираната страна Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје, искажала заинтересираност за радиофреквенции во радиофреквенциските опсези: 900 MHz за
радиофреквенцискиот блок 880-890/925-935 MHz, 2100 MHz за радиофреквенцискиот блок 1920-
1930/2110-2120 MHz и 3.х GHz за радиофреквенцискиот блок 3460-3500 MHz. Предлози или коментари, пак, од оваа компанија, не биле поднесении.
Во Писмото за искажување на интерес, заинтересираната страна е& ппф Телеком Груп Б. В.
доставила предлог/коментар по однос на јавната расправа за Намерата за радиофреквенциите кои се
предмет на објавената Намера.
„Сметаме дека предложените минимални износи на надоместоците се
превисоки, особено имајќи ги предвид значајните инвестиции потребни за е& ппф да влезе на
македонскиот пазар доколку успееме на Тендерот. Дополнително, очекуваме дека минималните износи
на надоместоците во конкурентна постапка ќе бидат надминати со наддавање кое вклучува и трети страни,
што би резултирало со уште повисок краен износ на надоместок за користење на радиофреквенции кое
треба да го плати победникот на Тендерот. Затоа, сметаме дека минималните износи на надоместоците
треба да се намалат ефективно да им се овозможи на субјектите кои стремат да влезат на македонскиот
пазар (со оглед на високите трошоци за таквиот влез на пазарот) да бидат најмалку на рамноправна
основа со постојните оператори“, навеле од е& ппф Телеком Груп Б. В.
Од АЕК на ова објаснуваат дека минималната висина на еднократниот надоместок е определена врз основа на спроведена
детална анализа од претходни постапки на доделувања на радиофреквенции. При тоа, во согласност со
ЗЕК, АЕК е должна да ги применува регулаторните начела за објективност, транспарентност,
недискриминација и пропорционалност преку обезбедување дека, во слични околности, нема
дискриминација во третманот на операторите. Поради тоа АЕК нема можност да направи намалување на
минималната висина на еднократниот надоместок. Треба да се има предвид и фактот дека средствата за
еднократниот надоместок се уплатуваат на сметката на Буџетот на Македонија со кој управува Владата на
Македонија и затоа во постапката за финалната одлука на минималната висина на еднократен
надоместок, во согласност со ЗЕК, Владата дава Согласност.
Во предвидениот рок, до АЕК пристигнал и еден коментар од А1 Македонија.
Од А1 Македонија замолуваат АЕК да го даде својот став како Агенцијата ќе постапи во однос на евентуално доделените одобренија согласно со оваа Намера во случај кога
Операторот кој би ги добил овие одобренија кои се резервирани за трет мрежен оператор, во текот на
своето работење одлучи да преземе или се спои со некој од постоечките мрежни оператори на пазарот.
„Дали Агенцијата за електронски комуникации во таков случај на преземање или спојување ќе ги одземе
евентуално доделените одобренија заради непочитување на еден од основните услови од објавената
Намера и повторно, согласно својата регулаторна политика, ќе ги резервира за нов трет мрежен оператор“, прашале од А1 Македонија.
Од АЕК одговорот е дека во минатото имло сличен случај на спојување на два мрежни оператори во еден.
„Во тој
процес надлежниот орган за заштита на конкуренцијата донесе Решение со кое новиот оператор кој
настана со спојувањето ги наследи сите одобренија за користење на радиофреквенции кои ги поседуваа
двата оператори пред спојувањето. На тој начин се блокираше можноста за развој на конкуренцијата на
пазарот во Македонија за обезбедување на јавни електронски радиокомуникациски мрежи/услуги. Веднаш
потоа, АЕК ја искористи можноста што ја нуди Законот за електронските комуникации и спроведе постапка
во која докажа дека новиот оператор не ги користеше ефикасно и ефективно радиофреквенциите кои ги
наследи по спојувањето на двата оператори. На тој начин се ослободија радиофреквенции и се обезбеди
можноста за развој на конкуренција и влез на нов мрежен оператор на пазарот во Македонија.
И во евентуален нов сличен таков случај на спојување или преземање на мрежни оператори, АЕК
ќе постапи согласно законските можности за да обезбеди радиофреквенции за нов трет мрежен оператор,
со цел зголемување на конкуренцијата“, нагласиле од Агенцијата.
После сето ова, ставот на АЕК е дека, како што напишавме на почетокот, бидејќи примениот број на писма за искажување на интерес е поголем од
објавениот број на одобренија за користење на радиофреквенции што ќе се издаваат, во
согласност со законот, АЕК ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно
наддавање.
По однос на Писмото за искажување на интерес на Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје, АЕК ќе
објави нова Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање од причина
што во ова Писмо се искажува Намера за радиофреквенции кои не се предмет на веќе објавената
Намера.
„Доколку до АЕК пристигнат дополнителни Писма за искажување на интерес по објавената
Намера по пошта, а се испратени во предвидениот рок, АЕК ќе направи соодветно дополнување на
Резулатите од јавната расправа и став на Агенцијата за електронски комуникациии по однос на
истите од објавената Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање“, нагласуваат од Агенцијата за електронски комуникации.
Н.Н.Ф.