
Осум пратеници пријавени за дискусија, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата „Македонија“
Само осум пратеници се пријавени за збор во Собранието, по однос на точката избор на техничка Влада. Со оглед на тоа, се очекува во втората половина на денот, попладнево да се изгласа Владата. Најверојатно по редовната пауза за ручек.
Пратениците од опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата „Македонија“ во која се одржува пленарната седница. Од нивната партија се обрати Антонио Милошоски.
Во продолжение списокот на пријавени пратеници за збор.