
Османи за намалувањето на функционерските плати: Живеам од плата важно ми е ова прашање!
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес конференција, по повод обидот да се намалат функционерските плати, истакна дека тој живее од плата и за него ова е важно прашање.
Сепак, како што вели, во ова време на инфлација приоритет треба да им се даде на граѓаните чии плати се околу минималната.
„Не мислам дека е за фалење кога политичарите велат оти не им е важна платата бидејќи со тоа на некој начин кажуваат дека не живеат само од платата. Обично не сакам да бидам популист на оваа тема, затоа што, како што кажав еднаш, не мислам дека е за фалење кога политичари велат ‘не ми е важна платата’, затоа што со тоа како да кажуваат ‘не живеам од плата’“, изјави Османи.