
Османи: На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете
Македонија е ценет сосед, повикувам на надминување на недоразбирањата, повика косовската претседателка Вјоса Османи за бурните реакции откако косовскиот премиер Албин Курти во петокот присуствуваше во Чаир, каде улица е именувана по Адем Демачи, а потоа во Тетово присуствуваше на собир каде се вееше знамето на Голема Албанија.
Османи, како што пренесе МИА, ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.
„Потег на одреден граѓанин, а не нешто организирано… На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете, но тоа е како принцип. Нормално, доколку институциите на Северна Македонија ги загрижува нешто, наше единствено барање како институции на Република Косово е сé да се направи согласно највисоките меѓународни стандарди за заштита на човековите права, согласно меѓународните стандарди за заштита на правата на немнозинските заедници, со почитување на државотворната улога на албанската заедница во Северна Македонија, улога која продолжува да ја игра и ден денес, а тоа го знаат и македонските институции“, рече Османи.
Таа нагласи дека Косово и Македонија имаат одлични односи и изрази уверување дека тие ќе се унапредуваат и натаму.
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил не сакаше да ја коментира посетата на Курти во Тетово и рече дека тоа ќе го остави на фантазијата што луѓето мислат за тој настан или новинарите да прашаат некој друг.
foto Facebook/Vjosa Osmani