
Општина Битола издвојува два милиони денари за семејствата на починатите и повредените во Кочани
Советот на општина Битола денеска на вонредна седница донесе одлука од локалниот буџет да се издвојат два милиони денари како финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.
„Битола сочувствува со болката на семејствата на починатите. Нашиот град секогаш е солидарен и затоа во оваа прилика се издвојуваат еден милион денари како финансиска помош и за повредените исто така еден милиони за повредените“, посочи Габриела Илиевска, претседателка на Совет на Општина Битола.