
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА АНКАРА: Турција ќе и биде благодарна на Русија, одложена исплатата за гасот, сумата воопшто не е мала
Турција доби одложен рок за плаќање на сметката од 600 милиони долари за руски природен гас до 2024 година, според договорот со Москва кој предвидува одложување многукратно од таа сума, соопштија два извори.
Договорот предвидува можност за одложување на плаќањето на повеќе од 4 милијарди долари во сметки до 2024 година, изјавија двата извора под услов да останат анонимни. Турција е многу зависна од увоз на енергија, а Русија е нејзин најголем снабдувач.
Договорот за одложување на плаќањата за гас го намалува притисокот врз девизните резерви на Турција, исцрпени од неортодоксната политика насочена кон зајакнување на лирата и зголемувањето на цените на енергијата, објаснува Ројтерс. „Исплатата на 600 милиони долари официјално е одложена за следната година. Голема улога (во доцнењето) одигра и поскапувањето на енергенсите“, изјави еден од изворите.
Турција може да го одложи плаќањето на повеќе сметки во наредните месеци, во зависност од трендовите на цената на енергијата, додаде тој. Руското и турското министерство за енергетика и енергетските компании Гаспром и Ботас не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар за одложувањето.
Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез минатата недела изјави дека Турција и Москва постигнале договор што и дозволува на Анкара да ги одложи плаќањата за енергија до одредена сума, но не даде детали. Сметката за увоз на енергија во Турција минатата година достигна рекорд од речиси 100 милијарди долари.
Турците викендов ќе излезат на претседателски избори, а анкетите покажуваат дека претседателот Таип Ердоган би можел да доживее пораз, најмногу поради кризата со трошоците за живот и наглото слабеење на лирата, главно предизвикано од намалувањето на каматните стапки и покрај високата инфлација.