
OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата.
Најниската пензија од септември ќе изнесува 15.600 денари, додека просечната ќе ја надмине минималната плата. Владата на првата седница одлучи, 337.000 пензионери да добијат покачување за 2.500 денари.
Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, при што беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на двапати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе се случи во март.
Со покачувањето, министерот за социјална политика Фатмир Лимани очекува барем малку да им се подобри стандардот.
Според тековниот закон, усогласувањето се прави двапати годишно, во согласност со порастот на трошоците за живот и просечната плата. Последното зголемување беше во март годинава.