
Очевидци раскажаа како го совладале момчето кое во Нишка бања уби свој врсник
Страшно убиство деновиве ја потресе Србија. Момче од 13 години во Нишка Бања закла свој врсник. Првичните резултати покажуваат дека бил свесен за стореното дело. За ова сведочат очевидци на крвавиот настан.
„Момчето се тетераше по улицата, паѓаше, па стануваше, имаше и друг сосед. Не знаевме што се случи затоа што имаше некаков нејасен поглед. И што е уште поневеројатно, тој само молчеше. Тој не кажа ништо. Се оттурна со нозете, со стапалата удирајќи во асфалтот. Некако го совладавме. Патиките му паднаа од нозете додека се бореше. А, потоа мирно ги пречека брзата помош и полицијата“, изјави очевидецот на крвавиот настан.
Момчето го променило однесувањето кога пристигнала брзата помош.
„Двајца лекари го фатија за раце, тој се фрли уште двапати, и наеднаш се смири. Го ставија на носилки во комбето. Така седеше половина час, па го префрлија во друга брза помош и го однесоа. Беше целосно мирен. Не мрдна, тоа ми е чудно, толку се мачеше, а потоа лежеше неподвижен, како мртов. Чудно ми е ова“, раскажува соседот.
Сите велат дека и двете момчиња потекнуваат од чесни семејства. Двајцата оделе во седмо одделение во ОУ „Иван Горан Ковачиќ“ и биле најдобри другари.
Граѓаните повторно излегоа на протест – „Србија против насилството“. Претходно, по масакрот кој на 3 мај се случи во училиште во Белград, граѓаните протестираа. Тогаш момче од 13 години уби вработен во училиштето, но и девет свои соученици.
фото: Фејсбук