
НОВО НЕНОРМАЛНО: Килограм бурек во Сараево чини како килограм јагнешко претходно
По веста дека во Сараево порција од 10 ќебапи чини 14 конвертибилни марки, а кафе неверојатни 7,50 марки, сега се појави слика од менито од популарната бурекџилница.
Цената на килограм пита е како што беше килограм јагнешко месо порано, пишува Слободна Босна.
Имено, според ценовникот објавен на Reddit, килограм бурек во Сараево чини 28 конвертибилни марки, oдносно 14 евра.
фото архива Слободна Босна