
НОВИ ПОДАТОЦИ: Што се случува со инфлацијата во еврозоната?
Се ублажува инфлацијата на европско тло. Инфлацијата во еврозоната се намалува побрзо од очекуваното, покажуваат новите податоци.
Клучното истражување на ЕЦБ проектира инфлација на 2,4 отсто оваа година, што е помалку од 2,7 отсто забележани пред три месеци.
Во 2025-та година, растот на цените би можел во просек да изнесува 2 отсто, целта на ЕЦБ, според Анкетата на професионалните прогнозери, клучен придонес во дебатата за политиката на банката.
На подолг рок, дефиниран како 2028-ма година, истражувањето на експертите предвидува раст на цените од 2 отсто.
За споредба и во САД се задоволни.
„Инфлацијата во САД се олади побрзо во споредба со другите големи и напредни економии“, изјави министерката за финансии Џенет Јелен.
Вели дека оптимизмот на потрошувачите е зголемен за 29 отсто од ноември.
foto freepik.com