
НОВ ПРОБЛЕМ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ТЕКСТИЛ: Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко
Странските текстилни брендови заминуваат во Египет и Мароко.
Македонскиот текстилен сектор има проблем поради намалување на нарачките од странските партнери. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека причината рецисијата на европскиот пазар, а како втор проблем е и заминувањето на странските партнери.
Димитров објаснува дека дека четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците засега не ги затвараат капацитетите и се снаоѓаат со домашно производство. Ова се случува поради тоа што брендовите сфатиле дека во нашата земја нема доволно млада работна сила. По Нова година можно е да има затворање на конфекциите. Сопствениците на текстилните компании подолго време алармираат дека немаат млади работници.
foto freepik.com/rosecreative13